12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Михаилоски: Интероперабилноста и транспарентноста се клучни во борбата со заробената држава

Поразително е што Никола Груевски е се уште е фактор на анкетите со поддршка од истите граѓани на кои тој им приреди заробена држава, кажа претседателот на СДММ, Марко Михаилоски во гостувањето во ТВ24. Според него, клучни процеси во битката со заробената држава се интероперабилноста, дигитализацијата, отчетноста и транспарентноста.

-Веќе податоците се јавни и се објавуваат на веб страниците на органите. Сега сите медиуми можат да се обратат до институциите со информација од јавен карактер што претходно беше незамисливо. Ова е борбата што овие пет години се води против заробената држава и корупцијата, Се работи на поврзување на институциите за да не чекаме на 12 шалтери, тоа нешто го почна МИОА.Со ваквите потези се кажува „не“ на корупцијата, а не со седење со рачињата во медот, кажа Михаилоски.

Според него, овој процес на интероперабилност не е доволно брз, но како системско решение порано или подоцна ќе вроди со плод во борбата против корупцијата.

Спонзорирано: