11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Михаилоски: Во борбата против корупцијата има подобрување, но таа мора да се засили

Претседателот на СДММ, Марко Михаилоски во гостувањето во ТВ24 истакна дека оценките во борбата против корупцијата не се највисоки, но има значително подобрување во борбата.

-Тоа е процес што не може да се искорени за пет години колку што е СДСМ на власт. Корупцијата постои и во најсовршените системи, но ние мораме да имаме личен придонес за со тек на време да корупцијата да ја губи битката, рече Михаилоски.

Тој додаде дека секогаш може уште подобри резултати да се постигнат во однос на борбата против корупцијата и не треба да се чека некој друг да ни ја заврши работата.

-Мора подиректно да се пристапи… Не се согласувам дека сите релевантни институции велат дека е полошо, како што велат опонентите. Релевантни се препораките од ГРЕКО и може точно да се види кои се препораки и заклучоци нашата држава ги има спроведено. Борбата сепак мора да се засили, кажа Михаилоски.

Спонзорирано: