17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Сите корисници на услуги на МТСП ќе бидат дел од моите предновогодишни спомени

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со предновогодишно расположение го посети и Центарот за лица со даунов синдром во Скопје. Во центарот моментално има 17 корисници од 3 до 26 годишна возраст, додека целосно објектот има капацитет за 24 лица. Во просториите на центарот поставена е опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема како и соби за одмор.

Тренчевска за време на својата посета разговараше со присутните за нивниот секојдневен живот, нивните активности како и за стручната работа од страна на кадрите вработени во центарот.

Министерката имаше прилика да изработи новогодишни честитки заедно со корисниците и да ги проследи изведбите на нивните омилени песни.
За време на средбата еден од корисниците ја информираше министерката дека е студент и моментално е четврта година и дека е во исчекување на моментите за изработка на неговата дипломска работа.

На крај министерката им додели новогодишни пакетчиња кои се дел од заедничката соработка со Филип Морис Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Изгоре автомобил со скопски таблички

ДЕСК

Герасимовски: За само 900 евра по квадрат направивме европска градинка, домаќински работиме

ДЕСК

Алиу: Набавивме најголем број вакцини против сезонски грип – досега се пријавени околу 49 илјади граѓани

ДЕСК