27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска : Грижата за граѓаните во социјален ризик продолжува и во 2023 година, со засилени механизми и мерки за поквалитетен живот за сите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во денешното гостување на утринската програма на МРТ 1 зборуваше за политиките и мерките кои Министерството за труд и социјална политика ги креира и презема за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните со акцент на ранливите категории.

Во Буџетот на Министерството за 2023 година проектирани се 203 милиони евра за поддршка за ранливи категории на граѓани, за навремени исплати на правата од системот на социјална заштита за граѓаните кои се во социјален ризик.

Министерката Тренчевска истакна дека, по пандемијата предизвикана од Ковид 19, светот се соочи со со енергетска и економска криза, од кои не сме поштедени ниту ние како држава. Во таа насока Владата креираше два пакети антикризни мерки со цел поддршка на граѓаните за полесно справување со последиците од кризата.
„Антикризните мерки опфатија 600. 000 граѓани кои имаат ниски приходи или ранливост. Во месец март оваа година, ги опфативме сите 330.000 пензионери со финансиска поддршка од 3000 ден. Со 3000 денари исто така беа опфатени и примателите на Гарантирана минимална помош. Од 1 декември обезбедивме дополнителни мерки кои опфаќаат поголем број социјално ранливи категории. Тоа се примателите на правото на социјална сигурност, лицата со попреченост над 26 год, децата со попреченост , самохраните родители приматели на ГМП, стечајните работници, пензионерите со пензии до 14.000 денари,“ истакна Тренчевска.
Во областа на детската заштита министерката потенцираше дека Владата и министерството за труд и социјална политика, продолжува сериозно да вложува во изградба на нови детски градинки и обезбедување на поголем опфат на деца во нив.
„Во 2022 година отворивме 11 нови градинки, следната година продолжуваме со истото темпо. Од 2017 до денес имам отворен нови 74 објекти.
На тема минимална плата, министерката се осврна на растот на минималната плата од 2017 година до денес, а тоа за речиси 100 % повисока минимална плата за работниците во државата. „Градиме системски решенија, кои даваат резултати на долг рок. Решенија кои секоја година даваат зголемен приход за работниците. Во март ќе има повторно усогласување на минималната плата, согласно информациите кои ќе ги добиеме од Државниот завод за статистика во месец јануари. Со минималната плата растат и другите плати,“ посочи Тренчевска.
Согласно новата методологија за усогласување на пензиите, пензионерите добија повисоки пензии во септември за 6.8%. Вакво усогласување ќе се прави два пати во годината , во март и септември.
„Во 2022 година, пензиите се покачија речиси 10%. Растот на пензиите е предвиден и со буџетот за 2023 година. За речиси една година пензионерите ќе добијат 16.7 % покачување , што е историско покачување досега, “ рече Тренчевска.
Во 2019 декември, минималната пензија беше 9.457 денари, во 2022 година, 10. 240 ден, во октомври 2022 минималната пензија беше 11.525 ден. Тоа е за 2000 денари повисока минимална пнзија.
Министерката зборуваше и за соработката со општините. Министерството за труд и социјална политика, вложува во детската заштита преку проекти со кои општините аплицираат, а се во согласност со стандардите предвидени за детска заштита.
Уште една таква соработка е и во областа на социјалната заштита. Преку склучување на договори за соработка, меѓу министерството, општините и давателите на услуги. Проектот започна со поддршка од Светска банка, а продолжува со буџетот на МТСП. Како резултат на оваа соработка 40 општини воспоставија услуги, согласно потребите на жителите на општината. Даватели на услуги се најчесто се граѓански организации и Црвениот крст.
Министерката зборуваше и за посетата на Република Хрватска, каде се сретна со министерот за труд и социјална политика и претставници на институции, во областа на социјалната и детска заштита.
„Посетивме и видовме како мрежата на институции се грижат за менталното здравје на децата, младите и родителите и како тоа функционира. Планот е во 2023 година да отвориме центри за ментално здравје на младите и родителите, како да реагираат на стресот и како да го зачуваат своето ментално здравје. 2023 ќе биде посветена на менталното здравје, ќе работиме и на булингот, користејќи ги искуствата од Република Хрватска,“ порача Тренчевска.