14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје, Битола, Штип, Велес

На 25.12.2022 околу 21.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(44) од Велес. Тој се сомничи дека од Градскиот зелен пазар во Велес одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следи соодветна пријава.

На 26.12.2022 во 02.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ш.(24) од с.Љубин затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.12.2022 во 21.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.К.(26), Ј.Б.(22) и Е.М.(23), сите од Скопје, кои биле со патничко моторно возило „фиат“, затоа тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.12.2022 во 19.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.П.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.12.2022 на ул.„Ленинова“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Б.З.(29) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.12.2022 во 04.40 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка и затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.12.2022 во 15.20 часот на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Џ.(43) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, таблети и дробилка со остатоци од марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.12.2022 во 18.35 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение била пронајдена и одземена марихуана. Полициски службеници извршиле увид, а марихуаната била подигната за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.