16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петровска на јавната дебата за Законот за вработени во одбраната: инклузивно и транспарентно го зацврстуваме одбранбениот систем согласно стандардите на НАТО

Денеска во Домот на Армијата, министерката за одбрана Славјанка Петровска присуствуваше и се обрати на јавната дебата за новото законско решение за вработените во Министерството за одбрана, кое има за цел да донесе значајни позитивни промени во одбраната и да создаде основа за унапредување на работните процеси, подобра и поефикасна соработка помеѓу цивилниот и воениот персонал, да ја зголеми ефикасноста во одговор на идните безбедносни предизвици и да го унапреди националниот безбедносен систем.

„Ја заокружуваме годината со уште една јавна дебата, која е одраз на посветеноста на Министерството за одбрана кон подобрување на условите за работа на вработените, унапредување на работните процеси и пред сè јакнење на одбраната и безбедноста на државата“, рече министерката и додаде дека текстот на предлог – законското решение произлегува од новите обврски со членството во НАТО.

Министерството се здоби со нови задачи и обврски, потенцираше министерката, за кои е потребна соодветна персонална структура и капацитети.

„Новиот систем на менаџирање со персоналот, кој е составен дел од Предлог Законот, ќе овозможи персоналот во континуитет да гради капацитети за придонес во исполнувањето на трите клучни задачи на Алијансата – одвраќање и одбрана, превенција и менаџирање на кризи и кооперативна безбедност. Треба да градиме персонал кој ќе дава придонес не само во националниот безбедносен систем, туку ќе биде подготвен да работи во структурата на Алијансата, воена и цивилна. Вработените во Министерството за одбрана треба да ги подготвуваме и за учество во операциите и мисиите предводени од НАТО, посебно во операции за стабилизација и реконструкција во пост-конфликтни региони и земји“, рече министерката.

Деталите на законското решение беа образложени и од професорот Марјан Ѓуровски, претседател на комитетот МКД НАТО 2030, како и членовите на работната група во Министерството. Во изработката на законското решение беа вклучени национални и меѓународни експерти, невладиниот сектор, академската заедница и синдикатите во одбраната и Армијата.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК