23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Претреси во скопско, уапсени дилери и запленета голема количина на амфетамин во Катланово вредна околу 40.000 евра

Како што информираше МВР, денеска од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција, во заедничка акција со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и со Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со поддршка од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Катланово лишeни се од слобода три лица, и тоа М.Ш.(48), Е.Т.(30) и А.З.(19), сите од Скопје, бидејќи кај нив бил пронајден ранец со 14 компресирани пакувања со синтетичка дрога амфетамин, со тежина од околу 7 килограми, чија вредност е околу 40.000 евра.

Полицијата информира дека во текот на ноември и декември 2022 година, по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Скоје, беше спроведено криминалистичко истражување насочено кон лица дилери, кои вршат продажба на синтетичка дрога амфетамин и на марихуана од Скопје, Велес, Гевгелија и Тетово. Во текот на истрагата лишени од слобода се 13 лица и запленет е околу 1 килограм синтетичка дрога амфетамин и марихуана, за што досега се поднесени 8 кривични пријави до надлежните Основни јавни обвинителства во Скопје и Велес, а на дел од лишените лица одредени им се мерки притвор.

Во текот на денешниот ден извршени се претреси на 5 локации во Скопје, при што се пронајдени марихуана, хероин, амфетамин и предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби. Запленети се и парични средства кои потекнуваат од продажба на наркотични и синтетички дроги, а запленети се четири патнички возила (голф 5, ауди А3, мерцедес и рено клио) за кои во текот на истрагата беа обезбедени докази дека биле употребувани за продажба на дроги. Притоа, лишена од слобода е и Р.И.(39) од Скопје, а против други лица инволвирани во извршените кривична дела, за кои се обезбедени докази, ќе бидат преземени дополнителни мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода, како што изјави Сузана Прањиќ Талевска, портпарол на МВР.

Од страна на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 5 лица за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи и во претпразничниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични средства.