Centar.mk
ЛОКАЛНО

Петковски: Цела година ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за загадениот воздух во Скопје

За 14 месеци градска власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, главниот град потона во хаос и безидејност, изјави Петар Петковски од СДММ- младинскиот огранок на СДСМ.

Тој рече дека јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба, а од деновива Скопје повторно е еден од најзадените градови во светот.

И покрај аларматната состојба, рече Петковски, градот не презема ништо за да се заштити здравјето на граѓаните.

„Една година ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за да го спречи загадувањето, иако во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на овој проблем. Напротив, се што градската власт на ВМРО-ДПМНЕ прави во овие 14 месеци не е спречување туку поттикнување на загадувањето. Во оваа година трократно се намалени средствата за животна средина во градскиот буџет, а сериозно намалени беа и средствата за субвенционирање на набавката на инвертори од страна на физички лица“, рече Петковски.

Додаде дека нема ниту еден од петте најавувани мега паркови, а дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови. Центарот на Скопје, како и многу урбани населби во неговото опрукужувае се преплавени со смет и ѓубре.

Можеби ќе ве интересира

Советникот Андреа Сиљаноски во Општина Македонски Брод хуманитарно го подели првиот советнички хонорар.

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк!

ДЕСК

Ѓорѓиевски, денес оствари протоколарна и исклучително пријатна средба со делегација од Амбасадата на Јапонија, предводена од амбасадорката Н.Е. Сецуко Кавахара

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.