Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Илиеска: Со измените на законот за данок на добивка, Владата удира по малите претпријатија

Владата со измените на законот за данок на добивка удира по малите претпријатија, изјави Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со “реформата “се укинува ослободувањето од обврската за плаќање на данокот на добивка на фирми кои што остваруваат приходи на годишно ниво до 3.000.000 денари. Доколку се усвои овој предлог закон, категоријата која беше ослободена од данок на добивка до 3.000.000 денари промет, сега ќе плаќа данок со влегување во категоријата на обврзници од 3.000.001 ден до 6.000.000 денари промет, при што како до сега ќе избираат дали ќе плаќаат данок на добивка од 10% или 1% на вкупниот приход. Во таа категорија спаѓаат микро даночни обврзници, кои што се најголем број, но истовремено се најкревки и најмали во економијата, со исклучок само на занаетчиите кои ги исполнуваат условите за паушално оданочување“, рече Илиеска.

Таа заклучи дека ефектите од законските измени нема да го дадат очекуваниот резултат, напротив ќе бидат дестимулативни за фирмите.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК

ОСУМ МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ВОЗИЛО – Приведен 40-годишен албански државјанин

ДЕСК