Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Петровска: Од јануари Северна Македонија ќе има висок воен претставник во НАТО

„На почетокот на јануари во Брисел ќе замине избраниот висок воен претставник во НАТО. Станува збор за полковник, кој беше раководител на секторот за воена безбедност и разузнавање. Искусен, со долги години во Армијата“ изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата „Вин-вин“ на Телма.

Таа додаде дека завршена е целата процедура, откако претходно еднаш пропадна обидот за испраќање на висок воен претставник. Сега указот е потпишан од претседателот на државата и е објавен во службен весник.

Како што кажа Петровска, избраниот висок воен претставник поседува НАТО сертификат и е висок професионалец, кој ја сака државата и ќе работи во интерес на државата.

Можеби ќе ве интересира

Осумнаесетгодишник пријавил напад со тврд предмет во казино во Кисела Вода

ДЕСК

Вработена во средно училиште во Карпош пријавила дека била нападната од малолетник

ДЕСК

Студент изгаснал пожар на бојлер во „Стив Наумов“, нема повредени

ДЕСК