9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Доаѓа време на одмор и уживање: Сите неработни денови до крајот на јануари 2023

Време е да започнеме да ги планираме деновите кои се паѓаат во празници, да го искористиме максимално слободното време кое ќе го имаме во големиот број неработни денови кои што ја очекуваат нашата земја во 2023.

8 декември 2022 (четврток) “Св. Климент Охридски” е првиот неработен ден што ни доаѓа, а последниот неработен празник за сите граѓани оваа 2022 година.

За оваа година граѓаните од католичка вероисповед неработен ден ќе биде 25 декември 2022 (недела), првиот ден на Божик и за граѓаните припадници на турската заедница неработен ден ќе биде и 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Додека во јануари 2023 за сите граѓани на Македонија ќе бидат следните денови:

01 јануари 2023 (недела) Нова Година,; 02 јануари 2023 (понеделник) е неработен ден;; 07 јануари 2023 (сабота), Божик,
првиот ден на Божик според православниот календар.

За православните верници има и дополнителни неработни празници:

Бадник кој се паѓа во петок на шести јануари 2023, Богојавление Водици на 19 јануари 2023 во четврток.

Уживајте во празниците што доаѓаат!