Centar.mk
БИЗНИСвест

Битиќи за понудата за гас: Нема да прифатиме понуда во четири очи како ВМРО-ДПМНЕ, тоа треба на сите да им е јасно

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи откри дека компанијата што ја понуди ВМРО-ДПМНЕ за поевтина набавка на гас не ги исполнувала условите.

-Таа компанија воопшто не ни понуди банкарска гаранција. Тие сакаа да направат договор во четири очи што е во спротивност со законот за јавни набавки. Тоа е својствено за ВМРО-ДПМНЕ, ние тоа нема да го прифатиме и тоа на сите нека им биде јасно, кажа Битиќи во гостувањето во „Само вистина“.

Вицепремиерот додаде дека компанијата што ја понуди ВМРО-ДПМНЕ нудела единствено руски гас, додавајќи дека од јануари во земјава ќе започне да се користи гас кој не доаѓа од Русија.

Можеби ќе ве интересира

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

ДЕСК

Работна средба на заменик-министерот Ристески со винариите од Здружението „Вина од Македонија“

ДЕСК

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2026 година

ДЕСК