9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Соларна “офанзива” во Македонија

Соларна “офанзива” се случува во Македонија. Ако во 2019-тата имало 35 нови фотонапонски електроцентрали со моќност од 5,8 мегавати, во 2020-тата се 29 со инсталирана моќност од 7 мегавати, додека лани имало 48 соларни електрани со моќност од 14 мегавати.

Според проценките за само 10 месеци во државата се инсталирани енергетски капацитети од вкупно 141 мегавати и тоа дури 98 мегавати фотоволтаици, 37 мегавати од ветер, 6 мегавати мали хидроелектрани и биогас.

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали.

Најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали, односно годинава имаат издадено лиценци за 86,8 MW инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека  6,4 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за термоелектроцентрали на биогас, или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 MWh. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа.

Оптимистичките прогнози велат дека до јуни 2024 година Македонија ќе има 300 мегавати инсталиран капацитет, што претставува половина од годишното производство на РЕК Битола.

Компанија инсталираше 15 илјади панели на 10 хектари

Една од компаниите која неодамна ја посети и премиерот е ТабМак во Пробиштип која за сопствени потреби има инсталирано една од поголемите фотонапонски централи во Република Северна Македонија. Со над 15 илјади панели на 10 хектари и дополнителни 6.000 на кровната површина на погонот, оваа компанија во време на енергетска криза покрива 25 % од потребите за електрична енергија за производството.

Вакви капацитети се поставени на голем број на компании низ целата земја, со што се прават огромни заштеди на потрошени пари на електричната енергија, имајќи го во предвид силниот скок на цената на струјата на светските берзи изминатиот период.

Поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите

На предлог на надлежното министерство, Владата усвои законски измени за поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите.

Се укинуваат барањата до општината за да поставите фотоволтаик и сами да си произведувате струја.

Наместо барање доволно ќе биде само да ја известите општината дека се поставува фотоволтаик со копија од лична карта, имотен лист за објектот или договор за закуп, како основен проект и документите од лиценцираната компанија која ќе го поставува.

Отстранувањето на досегашните административни пречки ќе им помогне на граѓаните и фирмите побрзо да доаѓаат до посакуваните фотоволтаици, особено значајно во време на енергетска криза.

Со измените и дополнувањата на Законот за градење, се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати, а на стопанските објекти со моќ до 40 киловати.

Со последните законски измени за олеснување на процедурата за поставување фотоволтаици комплетно е поедноставена и олеснета процедурата за поставување на соларни панели, нема повеќе непотребна бирократија и постапката која претходно траеше и до еден месец, сега е сведена на само еден ден.

Кои се најголемите капацитети кои произведуваат струја преку фотоволтаици во Македонија во моментов?

  • 1. ФЕЦ “ГЕН-И СОНЦЕ 1”, моќност 9999.15 kW, Свети Николе
  • 2. ФЕЦ “ГЕН-И СОНЦЕ 3”, моќност 4993.69 kW, Свети Николе
  • 3. ФЕЦ “КЕР-АЗ”, моќност 2000 kW, Свети Николе
  • 4. ФЕЦ “ГЕН-И СОНЦЕ 2”, моќност 1998.1 kW, Свети Николе
  • 5. ФЕЦ “ВОЈШАНЦИ СОЛАР”, моќност 1.479,36 kW, Неготино

Фотоволтаиците им помагаат на фирмите, но големи предности има и за обичните домаќинства

Сонцето е бесплатен, речиси неисцрпен извор на енергија кој ни е достапен во неограничени размери и без штетни климатски влијанија. Сонцето зрачи 960 милијарди киловат-часови дневно на површината на земјата. Оваа количина на енергија теоретски би можела да ги задоволи светските енергетски потреби за 180 години.

Во приватните домаќинства, сончевата енергија моментално се користи на два начина:

1. Сончевата топлинска енергија се користи за подготовка на топла вода за домаќинство

2. Во соларните ќелии, фотоволтаичниот ефект се користи за производство на електрична енергија од сончевите зраци.

Предности на користење на сончевата топлинска енергија:

Неисцрпно снабдување со сончева енергија: Сончевата енергија е бесплатна
; штетни емисии на CO2; Може да се интегрира во постоечките системи за греење; Намалено влијание на поскапувањата на енергијата

Услови кои мора да се исполнат во вашиот дом:

Соодветни покривни површини за вградување соларни колектори; Колекторите треба да бидат насочени кон југ каде што е можно; Колекторите треба да бидат изложени на сонце без сенка во текот на денот; Постоен систем за греење што може да се надгради