16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ДУИ: Мицкоски со антиалбанска реторика стреми да го запре падот на рејтингот

Соопштение на ДУИ:

Демократската унија за интеграција ја осудува антиалбанската реторика на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со која тој бара слабеење на политичкото претставување и дефакторизирање на Албанците во земјата.

Во 2022 година, сè уште имаме политички лидери во земјата кои продолжуваат да демонстрираат непочитување кон изразената волја на албанските граѓани за нивно политичко претставување со цел очајно да освојат некои екстремистички гласови во сенка на нивната опаѓачка популарност.

Денешната изјава е демонстрација на тенденцијата на Мицкоски дека ги сака немоќните, безгласните, нефакторизирани Албанци, во негова служба и на нивните моноетнички, антиевропски и антиамерикански агенди.

На ВМРО му пречи Демократската унија за интеграција и нејзиниот проевропски и проамерикански став.

Демократската унија за интеграција има целосен легитимитет од граѓаните на демократски избори и ја материјализираше таа доверба работејќи на факторизирање на нивниот глас и потреби, во корист на мирот, демократските процеси, еднаквоста, интеграцијата во НАТО, добрососедството и унапредувањето на процесот на интеграција во Европската Унија.

Граѓаните на државата, заедно со ДУИ, нема да дозволат државата да се дезориентира од европскиот пат и реализација на деструктивната тенденција на Мицкоски и неговите сопартијци кои веќе се во отворен натпревар со антиалбанската Левица, анти НАТО, анти ЕУ и анти Америка за екстремистички гласови.

Спонзорирано: