За жал, мислев дека го имаме овој недостаток во Ерменија, како културно новинарство, но за време на нашите меѓународни активности, при посетата на нашите партнери од други земји, забележавме дека овој предизвик постои насекаде. Би сакал да истакнам дека културното новинарство е многу важен дел во новинарството и треба да се развива насекаде, вели Мкртич Тонојан, културен менаџер и директор на НВО Акос, со седиште во Ереван, Ерменија, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, по повод меѓународниот семинар „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ во организација на ЦИВИЛ во партнерство со Youth4Media (Y4M).
„Зошто почнав со ова… Затоа што, да се разоткрие прашањето за тоа каков е придонесот на уметноста кон пропагандата, на лош или на добар начин, е дека културното новинарство може подобро да истражува и да го информира поширокиот круг на читатели за течението. Бидејќи има многу збунувачки сајтови. На пример, кога ќе видиме некои од пропагандните страници кои користат уметност, мислиме дека тие уметнички дела се создадени од таа пропаганда. Но тоа не е така. Има самостојни уметнички дела, а подоцна земени и користени за пропаганда“.
Тонојан, исто така, се осврнува на улогата на уметноста во пропагандата во античко време, и нејзината употреба во служба на владетелите.
„На почетокот, ако одиме во античко време, самата уметност, како посебна дисциплина, можеме да кажеме дека како таква не постоела. Секогаш беше алатка за моќ, па кралевите ги славеа нивните победи и главно се користеле во нивната монументална архитектура како раскажување. И ова го имаме како археолошки артефакти и како зачувани уметнички дела.
Сега, пропагандистите бараат нов израз, какошто е визуелната уметност, кој има влијание врз публиката. Задачите и проблемите што понекогаш ги решава уметноста може да се видат кога се позајмуваат од пропагандистите и се користат за пропаганда. Ова може да предизвика недоразбирање, да нè натера да мислиме дека тоа е всушност уметнички придонес во пропагандата. На пример, во комунизмот и социјализмот уметноста имаше политичка цел, нагласи Тонојан.
Дијана Тахири
камера и фотографија: Самуел Дебус
монтажа: Самуел Дебус/ Ариан Мехмети
Интервјуто е дел од проектот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ кој ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Youth4Media (Y4M), со поддршка од Владата на Северна Рајна-Вестфалија, Дизелдорф, Германија.
извор Civilmedia.mk