Centar.mk
БИЗНИС

Изминатото деноноќие произведени 16.545 MWh електрична енергија и целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

АД ЕСМ на 20.12.2022 година произведе 16.545 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 11.677 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.868 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.120 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 20.12.2022 година.

Можеби ќе ве интересира

Економската цена на војната: граѓаните ги трошат заштедите за да ги покријат зголемените трошоци

C +

ЕВН Македонија со волонтерска акција за почист Вардар

C +

Денови на детска кариера во Diamond Mall – архитект, инженер, уметник, форензичар, пчелар, лекар и флорист – професиите на возрасните поблиску до децата 

C +