22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Колева: Ситуацијата во Град Скопје е слика што би се случило доколку ВМРО-ДПМНЕ се врати во централната власт

„Најголемата катастрофа се случи во Скопје пред неполн месец, кога Скопје беше целосно бллокиран. Реалното шоу што се случува во Град Скопје никогаш се нема случено претходно и тоа не носи резултати, проекти, носи само пропаст. Тоа е сликата што би се пресликала доколку ВМРО-ДПМНЕ се врати пак на централна власт“ рече пратеничката од СДСМ, Даниела Колева во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

Таа додаде дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа мала реализација на капитални инвестиции, што е видливо низ бројките, а во Град Скопје, опозициската партија предложи градоначалничка која освен што не испорача ништо од ветеното, стопираше и веќе започнати три капитални проекти.

„ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка на кандидатка, од која сега се оградуваат. Во Скопје се случува катастрофа и реално шоу“ рече Колева.

Пратеничката од СДСМ кажа дека во последната година за 700 милиони денари е зголемен долгот на локалните самоуправи во земјава и сега достигна сума од 4,2 милијарди денари.