20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анкета на ИРИ: Димитар Ковачевски со забрзан раст на рејтингот, Мицкоски паѓа

Анкетата на американскиот институт ИРИ и натаму ја бранува јавноста.

Покрај тоа што видовме пад на рејтинзите на политичките партии, на анкетата не изостана прашањето за тоа кој политичар има најголем рејтинг.

Особено значаен резултат во анкетата оствари токму премиерот Димитар Ковачевски, кој претходно беше заменик министер за финансии и не котираше на анкетите претходно, па така со оглед дека минатата година не се појавил на листата за рејтинг на политичарите, оваа година тој оствари 5% поддршка во анкетата на ИРИ.

Според анкетата премиерот Димитар Ковачевски за само неполна година од 0% се здоби со 5 проценти рејтинг, додека Христијан Мицкоски паѓа надолу и од 8 проценти измерени лани се спушти на 6 отсто.

Ваквиот тренд навестува дека премиерот Димитар Ковачевски за кратко време успеал да ја консолидира СДСМ, но и да се наметне како лидер на македонската политичка сцена, па нема да биде чудно овој процент да се дуплира следната година.

Друг интересен податок е што за прв пат после подолго време се појави Никола Груевски рејтинг листите и се здоби со 7 отсто рејтинг, што сепак е драстично помалку од 22-25-30% кои ги уживаше во анкетите кои беа објавувани додека беше на власт, но е симптоматично што побегна од државата во која беше осуден за повеќе дела, притоа се најде и на црната листа на САД, а сега се наоѓа на првото место според рејтинг спроведен токму од американски институт.

Сепак според аналитичарите зголемениот рејтинг на Никола Груевски се должи поради внатрешниот конфликт во ВМРО ДПМНЕ, а е на сметка на паднатиот рејтинг на Мицкоски.

Не постои друга логична причина зошто би се покачил рејтингот на бегалецот Груевски, освен фактот дека дел од тврдокорното гласачко тело на ВМРО-ДПМНЕ одлучило својата поддршка да ја даде за Груевски наместо за Мицкоски, што значи дека прелевањето е во рамки на истиот блок меѓу гласачите на истата партија.

Спонзорирано: