19. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија: Се приведуваше во Скопје, Битола, Пробиштип, Радовиш…

Денеска (18.12.2022) во 02.20 часот во угостителски објект на ул.„Железничка” во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Љ.Х.(35) од Битола затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето било задржано во полициска станица и по цеолосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Денеска (18.12.2022) во 01.15 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Б.П.(21) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.12.2022 во 23.20 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.12.2022 во 15.10 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слободаС.Р.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.12.2022 во 21.30 часот на ул.„Плачковица“ во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода З.М.(46) од Радовиш затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.12.2022 во 02.50 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР СКопје и Одделот за специјални полициски операции при МВР го привеле У.Д.(26) од с.Бојане, општина Сарај, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против лицето ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

На 17.12.2022 во 14,20 часот на ул.„ 16 Македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Единциата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Т.А.(25) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против лицето ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.