Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Спасовски: На територијата на СВР Тетово во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период во 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 7%

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

На територијата на СВР Тетово во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период во 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 7%.

Она што посебно би сакал да го истакнам и што бездруго охрабрува е дека севкупната ефикасност во откривачката функција годинава е значително зголемена и се движи околу 78 проценти.

Позитивниот тренд во 11-те месеци годинава присутен е и во областа на безбедноста во сообраќајот.

▶️Во овој период санкционирани се 24.304 сообраќајни прекршоци, од кои најбројни се за брзо возење (3602), а за одбележување е и податокот дека намален е бројот на сообраќајни несреќи за 3 процентишто се должи на континуираните акциски контроли, реализирани во и надвор од населените места, не само дење, туку и во ноќните часови, со користење на таканаречен „ноќен радар“.

Позитивни резултати се забележании во откривањето и санкционирањето на лица инволвирани во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, како и во областа на јавниот ред и мир.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК