Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Средба на претседателот Пендаровски со Лео Докерти, министер за Европа на Обединетото Кралство

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Лео Докерти, министер за Европа на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за развојот на севкупните односи меѓу двете држави, како и за актуелните состојби во поширокиот регион.

На средбата претседателот Пендаровски посочи дека Република Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство, вклучувајќи ги силните партнерски односи во НАТО, во време кога се соочуваме со глобални предизвици.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на севкупната британска поддршка за реформските процеси во нашата држава, во функција на аспирациите за членство во Европската Унија.

На средбата се разговараше и за влијанието на руската инвазија врз Украина по стабилноста и безбедноста на европскиот континент.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК