Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

По обилните врнежи отсечени се селата Тануше, Жужња и Рибниште, таму се оди само со коњ или пешки

РЦУК – Гостивар известува дека од обилните врнежи ноќта меѓу 14-15 декември, реката Радика беше излеана од своето корито нa неколку места. Локалните притоки на река Радика поради надојдените води беа излеани на главниот пат од Бошков мост до с.Жировница , на неколку места .Имало одрони од земја и камења во близина на манастирот Бигорски и од страна на екипи на Македонија Пат се исчистени.Помеѓу селата Ростуше и Јанче водата донела големи наслаги од земја и кал кои со машини на Македонија Пат и од општината се санирани.Од надојдените води на Рибничка река , оштетен е мостот на Рибничка река, кој се наоѓа на 20 км од на патот за с.Нистрово, и со тоа целосно се одсечени 15 семејства од селата Тануше, Жужња и Рибниште. Алтернативен пат има со коњи или пешки, преку мостот во близина на месноста Пилана, на патот Маврово – Дебар.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК