Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средба Тренчевска-Тигањ: Ја продлабочуваме соработката меѓу двете држави во областите пазар на труд, социјална заштита и заштита од насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Нивес Тигањ, на која стана збор за досегашната воспоставена соработка и можностите за идна соработка во областите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Во насока на досегашната соработка, Министерството за труд и социјална политика  и Министерството за социјална политика и млади на Република Хрватска веќе имаат склучен Меморандум за соработка во областа на социјалната политика. Започнат е и процес на усогласување на текст за меморандум со Министерството за труд и пензиски систем, кое во меѓувреме се трансформираше во Министерството за труд и пензиски систем, семејство и социјална политика.

Министерката Тренчевска изрази интерес за пренесување на хрватското искуство потребно за процесот на преговарање и формулирање на преговарачките позиции на нашата држава со Европската Унија за поглавје 2 Слободно движење на работници и поглавје 19 Вработување и социјална политика.

Хрватската амбасадорка Тигањ  изрази голема поддршка на Република Северна Македонија во преговарачкиот процес со ЕУ и воспоставување на потесна соработка помеѓу ресорните министерства на двете држави.

Соговорничките изразија подготвеност за воспоставување на продлабочена соработка и склучување на меморандуми за соработка и билатерални договори  за вработување на сезонски работници со што би се заштитиле правата на работниците на двете држави во насока на обезбедување на пристап до социјална заштита и заштита на правата кои произлегуваат од работен однос.

На средбата се разговараше и за размена на искуства помеѓу двете држави на прашањето за спречување и заштита од насилство врз жени.

Двете страни се согласија за продлабочување на соработката во областите пазар на труд, социјална заштита и заштита од насилство.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +