Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Објавена содржината на заканата за бомба во Куманово: „Убиства се потребни, ќе ја срушиме северномакедонската влада“

„ Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат“; „Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија“, се дел од заканите во пораката

Закани дека ќе бидат убиени невини луѓе, но и дека ќе биде срушена „северномакедонската влада“, може да се прочитаат во содржината на електронската порака со дојава за бомба која утрово пристигнала во девет основни и едно средно училиште во Куманово.

Содржината ја објави порталот „Кумановски муабети“ и во неа директно се споменуваат премиерот и неговата партија.

„Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите“,стои во електронската порака што ја објави „Кумановски муабети“.

Од објавеното може да се види дека пораката е испратена од електронската адреса v.antoniio1996@gmail.com, а нејзиниот наслов бил „Експлозивен уред е поставен во училиштето“.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +