Centar.mk
фото Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Скопјанка уапсена затоа што сакала да земе кредит на туѓо име

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.И.(54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање на кредит или друга погодност” по член 249 и „злоупотреба на лични податоци” по член 149 од Кривичниот законик. На 04.11.2022 во финансиско друштва во Скопје, пријавената поднела документи за добивање кредит и притоа употребила лична карта на друго лице и се потпишала на апликацијата за кредит во име на другото лице на кое гласела личната карта.

Притоа, вработеното лице во финансиското друштво се посомневала во идентификацијата на пријавената и повикала полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, кои по преземените мерки и активности и документирање на настанот изготвиле кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК