Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Страотна сообраќајка на патот Гостивар-Кичево: Се судрија возила со скопски и кичевски таблици, шест лица се повредени

На 12.12.2022 во 11.45 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на место викано „Сеферов бунар“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(66) од Скопје и патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(55) од с.Зајас, кичевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобиле сопатниците од товарното возило С.С.(65) од с.Туралево, кратовско, Х.В.(52) и Р.Р.(28) од с.Сарај, скопско и С.П.(58) од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК