18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Утре камен ладно, а од вторник обилни дождови и снег – Метеоцентар со детална прогноза

Утре ќе настапи преодно стабилизирање, а времето ќе биде променливо облачно и студено. Под влијание на нов влажен бран во среда ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. На места, особено во западните делови, врнежите ќе бидат пообилни.

Од четврток температурата ќе биде во пораст, но ќе има услови за магла и значителна ниска облачност по котлините. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.

Прогноза за 14.12.2022
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 3°C до 8°C

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне, особено во западните делови, врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 15.12.2022
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Променливо облачно со појава на магла и ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 16.12.2022
Минимална температура: 3°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 18°C

Претпладне со услови за магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Во текот на ноќта во западните делови ќе има локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.