16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Лукаревска во Бутел: СДСМ продолжува со грижа за граѓаните и државата

Со нашите социјалдемократски економски политики следната, 2023 година очекуваме позитивен економски раст а еден од инструментите за реализација на оваа цел е и Буџетот кој е развоен и е одговор на последиците од кризата, порача вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Бутел, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

– 250 милиони евра во Буџетот за 2023 година се предвидени за нови мерки за помош на граѓаните, обезбедени се и средства за нов раст на пензиите кој треба да се случи во март и кој ќе изнесува нови шест отсто. Околу 800 милиони евра се предвидени за капитални проекти за побрз локален развој и економски раст. СДСМ продолжува да се грижи за сите и затоа наредната година останува субвенцијата за струјата за граѓаните и компаниите. Конечно во 2023 година да ја победиме кризата и да зачекориме повторно на патеките на економски раст и развој, порача Лукаревска.

Заменик претседателката Лукаревска порача дека покрај справувањето со последиците од кризата, СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, ја обезбедува европската иднина со почетокот на преговорите за членство во ЕУ, нешто што државата го чекаше цели 17 години.

-После 17 години направивме исчекор и започнавме преговори за членство во ЕУ, скрингот веќе тече. Сега е исклучително важно да го заокружиме процесот до крај, да ги направиме потребните чекори и заедно да обезбедиме полноправно членство во Унијата. Да ја обезбедиме иднината на младите и да обезбедиме подобар живот, рече Лукаревска.