17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Зад бугарските клубови испливаа членови на ВМРО-ДПМНЕ

Ги прифативме измените на Законот за здруженија за да спречиме понатамошно ширење на ова тензично отварање на клубовите, кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во гостувањето во ‘Само вистина’.
-Во принцип никој нема против отворање на бугарски културни центри, еве се отвори еден, заедно со министрите за култура од двете држави, заедно со проследување од целата јавност, без никаков проблем. Проблемот е во имињата и во називите на клубовите. Ние испитуваме и во обвинителството имаше постапка, она што е многу важно, формата да се запази, за да не бидеме утре тужени и да изгубиме во Стразбур и да испадне дека уште навистина сме вршеле некаква репресија, а знаеме дека не сме вршеле. Знаеме дека кај нас слободно може да се здружуваат луѓето, не сакаме да даваме аргументи на Бугарија дека овде има некаква репресија. Но, ве уверувам дека овој процес ќе биде ставен во законски рамки, ќе биде ставен под контрола и нема да се дозволи ниту еден клуб кој што ги крева тензиите, рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека зад отворањето на бугарските културни клубови стојат членови на ВМРО-ДПМНЕ.