Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Девет автобуси што вршат превоз на ученици се исклучени од сообраќај, биле технички неисправни

Денеска од 06.00 до 10.00 часот на територијата на државата спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 32 сообраќајни прекршоци, a девет возила се исклучени од сообраќај поради констатирани технички неисправности.

Од МВР велат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесат да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК