Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

241 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (11.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возач. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +