24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

(Видео) Кичевски: Наместо за тендери во Скопје, Мицкоски и ДПМНЕ да го решат хаосот што го создадоа

За само една година локална власт, ВМРО-ДПМНЕ го направи она што најдобро го знае, хаос во градот Скопје. Граѓаните за една година власт од ДПМНЕ добија блокади на сите страни, блокиран Јавниот транспорт, блокиран проект за прочистителна станица, блокирана Универзална сала, 0 развој, 0 проекти, изјави Васко Кичевски, претседател на градска огранизација на СДСМ – Скопје.

Според Кичевски, одговорноста за катастрофата што му се случува на Скопје е само на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Тие ја кандидираа Данела Арсовска за градоначалник на град Скопје и ја добија подршката од граѓаните, но не само за градоначалник туку и за мнозинство во советот, претседател на совет, а следствено на тоа и членовите на управните одбори. Сите до еден се во тесна релација со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски и одговорноста за хаосот е само нивна.

И наместо да бара решение, Христијан Мицковски повторно изиграва шпицен градоначалник, раскажува постапки за тендери и кажува како треба да се реализира тендер за набавка на гориво за потребите на ЈСП. Штом се споменат тендери, провизии, рабати, ете го Мицко дава насоки како да се реализираат“ рече Кичевски.

Тој додаде дека Мицковски и ДПМНЕ ги имаат сите механизми да го сопрат хаосот во Скопје и да ги прекинат блокадите на главниот град.

„ Наместо да се занимаваат со тендери и јавни набавки, нека седнат во белиот дворец и нека почнат да работат за да ги прекинат блокадите. Скопјани не заслужуваат блокиран град кој наместо да се развива, стагнира“ порача тој.