Centar.mk
ТЕМАСТАВМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Се укинува радоста или синдром “Тешкото”

Фејсбук статус на Марјан Забрчанец:

Се укинува радоста или синдром “Тешкото”
🎄🌟☃️

Укинувањето или кратењето на новогодишното украсување во македонските градови и општини е целосно неодговорен чекор од која и да е локална власт. Да се штеди на новогодишните сијалички, украси и елки значи да им се ускрати радоста и празничната топлина и убавина на сите деца и сите граѓани од нашите општини.

Тие што кратат на украсувањето на плоштадите и булеварите, на своите граѓани им носат мрак и темнина, наместо новогодишна светлина. Таквите потези ги прават граѓаните помалку среќни, а не се ниту популарни – не носат гласови. Тоа се потези направени од безидејност, од хир, од инат, од налудничавите идеи дека во мрак се владее подобро со народот.

Во име на радоста која ја носат празниците и дружбите меѓу луѓето, да се спротивставиме на овие декадентни “уживања” во мракот и темнините и да излеземе поголеми и понапредни од македонскиот синдром “Тешкото” за кој треба да се учи во историските читанки, а не да се практикува во денешницата.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +