Од почетокот на руската агресија во Украина се почести се хибридните закани и напади изведени од домашни и надворешни центри, како во Северна Македонија, така и во останатите земји од регионот. Освен нив постојани сме изложени и на напалив на дезинформации, анализира Либертас.мк.
Освен стандардните хакерски напади врз клучните институции, овој пат нападите кои очигледно имаат цел да предизвикаат тензија, револт и конфузија, а со краен исход да се влијае врз безбедноста, е со поинаква тактика. Жителите на Скопје, речиси секојдневно, се соочуваат со лажни дојави за бомби, прво во страв се ставаа родителите и учениците во училиштата, а сега, во последните денови, и сите граѓани на поинакви високофрекфентни локации, како трговските центри.
Дојавите за бомби во училиштата е јасно дека се дел од добро искреирано сценарио, и не само што создаваат хаос и паника меѓу учениците и родителите, тие истовремено трошат средства и време на полицијата и нејзините ресурси.
Ваквите хибридни напади, кои Министерството за внатрешни работи ги третира како терористички, во изминатава недела беа надополнети и од блокадите на приватните автобуски превозници, па жителите на Скопје беа изложени на нервози, тензии и ненавремено извршување на секојдневните обврски. Приватните превозници предводени од директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, инаку еден од првите и гласните поддржувачи на Данела Арсовска во нејзината градоначалничка кампања, со блокирање на крстосниците практично ја искористија замрената локална власт во Град Скопје, но наместо да издејствуваат реализација на нивните барања, тие донесоа само хаос и дполнително ангажирање на полициските сили.
Целата анализа прочитајте ја на Либертас.мк.