Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ

Фејсбук статус на вицепремиерот Бојан Маричиќ:

Човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ.

Сеопфатната заштита на човековите права преку законодавната и институционалната рамка, административните капацитети, и се разбира спроведувањето, ќе биде еден од главните показатели за подготвеноста на нашата земја за влез во ЕУ, од почеток до крај на пристапните преговори.

Меѓународниот ден на човековите права нѐ потсетува на нашата должност за нивна заштита, промоција и почитување, како основен предуслов за мирот, демократијата и одржливиот развој.

Како земја преговарач и идна членка на ЕУ, мораме да продолжиме да дејствуваме во насока на зајакнување на заштитата на човековите права.
Нашата безрезервна посветеност на европскиот пат, водена од заедничките вредности, е најдобра потврда за нашата искрена намера секојдневно да ја подобруваме положбата на човековите права на сите граѓани, без разлика на нивните различности.

Воената агресија во Украина покажа дека и денес целите за зачувување, натамошно подобрување и почитување на човековите права повторно се исправени пред големи предизвици.

Затоа денес, кога на тлото на Европа се брани демократијата, слободата и владеењето на правото, повеќе од било кога треба да посветиме внимание на заштитата на човековите права и слободи, за да може да зборуваме за иднината и вистински напредок.
Владата останува целосно посветена на унапредување на универзалните вредности на човековите права со единствена цел: градење држава во која граѓаните ќе се чувствуваат слободни, еднакви, сигурни и достоинствени!

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК