Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Приведени двајца насилници од скопско, следува кривична пријава

На 08.12.2022, по преземени мерки и распишан централен распис од Единицата за насилен криминал, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.П.(36) од с..Сопиште, скопско и Ј.П.(34) од Скопје. Тие се сомничат дека на 07.12.2022 на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје со уште едно лице физички го нападнале А.А. од Скопје и му нанеле тешка телесна повреда.

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 386 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК