Да бидеме реални, во денешно време ретко кога ни ги паѓаме мобилните телефони од раце.
Секојдневно поминуваме часови пишувајќи пораки, телефонски повици и скролувајќи низ објавите на социјалните мрежи. Телефоните станаа незаменлив додаток кој го носиме секаде со нас, дури и на места што не треба.
Според истражувањето објавено од “Д лист”, 73 отсто од населението го користи својот телефон додека седи во тоалет. Дури 93 отсто од испитаниците, членови на „Генерација З“, признале дека праќаат пораки или играат игри додека вршат нужда.
Иако оваа навика можеби не се разликува толку од читањето весник или книга додека поминувате време во тоалет, таа може да биде штетна. Имено, освен што ве изложува на поголем ризик од болести и инфекции, користењето на телефонот додека сте во тоалет може да предизвика и појава на хемороиди, пишува Вашингтон пост.
– Поминувањето премногу време во седечка положба на тоалетот врши притисок врз вените околу анусот, што предизвикува хемороиди – објаснија тие, пренесува Уна.
Освен тоа, веројатно ги миете рацете по користење на тоалетот, а кога сте го направиле истото со телефонот? Ако не сте, ризикувате инфекција со бацили.