Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Честитка на генералниот секретар Зечевиќ: Делото на Свети Климент е темел и водилка за македонскиот народ

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ упати честитка до сите православни верници по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски.

,,Во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви го честитам 8-ми Декември, големиот христијански празник – Св. Климент Охридски.

Денеска, му оддаваме почит на основачот на првата Охридска книжевна школа, човекот кој на чие дело и посветеност се раѓа словенската литература, на првиот словенски епископ и втемелувач на Охридската архиепископија – Св. Климент Охридски.

Благодарение на трудот на Св. Климент Охридски кој целиот свој живот го посветил на создавање на македонската и сесловенската литература и писменост, денес, сите сме горди на нашето писмо – кирилицата, составен дел на нашиот македонски идентитет.

Ликот и делото на Св. Климент Охридски плени со својата духовност и значење и денес, а неговите вредности, неговото дело се темел, водилка за македонскиот народ и Македонската православна црква, конечно признаена од православниот свет.“ стои во честитката.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +