13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Празнична Рапсодија и оваа зима повторно со вас!

Новогодишните концерти на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева продолжуваат и оваа година со целовечерен пијано-дуо рецитал
насловен Празнична Рапсодија.

Со огромно задоволство ве покануваме да бидете дел од Празничната Рапсодија бр.3 на 17ти декември 2022 година со почеток во 20.00 часот во Камерната сала на Македоснката Филхармонија – Скопје.
Пијанистките ќе изведат богата програма од литературата за четирирачно пијано со дела од Волфганг Амадеус Моцарт, Петар Илич Чајковски и Едвард Елгар.

Програма:
Волфганг Амадеус Моцарт
Соната за четирирачно пијано КВ. 521 во C-dur
• Allegro
• Andante
• Allegretto

Е. Елгар
Поздрав на љубовта

Петар Илич Чајковски/Сергеј Рахмањинов
Свита од балетот ,,Заспаната Убавица” оп.66а
• Introduction. La Fée des Lilas
• Adragio. Pas d’action
• Pas de caractère
• Panorama
• Valse

Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат бројни рецитали низ државата и во странство. Во 2022 година одржаа самостоен пијано-дуо рецитал во Конзерваториумот Јана Дејла во Прага, настапуваат и на фестивалите Concerti del Tempietto и Les Dimanches Musicaux во Рим и Париз, како и за СОС Детско Село Скопје со целовечерен рецитал насловен Есенска Бајка, а во 2019 година започнува нивната Празнична Рапсодија.

Концертот ќе се одржи на 17.12.2022 (сабота) во 20 часот
Камерна сала на Македонска Филхармонија. Цена на влезници: 300 денари
Билетите се веќе пуштени во продажба и достапни
на продажните мрежи на „МК тикетс“
или може да се резервираат на тел: 070 33 19 03
или e-mail: pano1510@gmail.com

Спонзорирано: