Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Западниот Балкан и ЕУ заеднички ќе се справуваат со последиците од енергетската криза

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше на првата панел дискусија на Самитот Западен Балкан -Европска Унија во Тирана. Оваа панел сесија беше посветена на енергетската криза и пакетот за енергетска поддршка со кој треба да се обезбеди енергетска стабилност на Западен Балкан, но и воопшто на целиот европски континент.

На сесијата од страна на сите учесници во дискусијата беше потенцирано дека енергетската стабилност на Западен Балкан е подеднакво важна како и енергетската стабилност на ЕУ. Лидерите истакнаа дека сите заедно работат на надминување на предизвиците од енергетската криза и дека ЕУ ќе биде заедно со земјите од Западен Балкан при решавање на сите проблеми поврзани со енергетската криза.

Република Северна Македонија изминатиот период успешно се справува со енергетската криза и обезбедува енергетска стабилност на земјата, за што се ставени во целосна функција сите расположливи капацитети за производство на струја.

Република Северна Македонија исто така имплементира повеќегодишна Стратегија за зелена транзиција, со што инвестира во капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија и долг план обезбедува енергетска независност на земјата.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важна вест околу плаќањето на казни за граѓаните кои ги добиле преку Сејф сити

ДЕСК

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК