Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.
Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во коешто се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.
Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.
Владата, на денешната седница донесе Одлуката за користење на неискористените средства од Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидните лица и за финансирање на мерки за вработување на евидентирани невработени лица, откако во врска со ова, беше разгледана Информацијата од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
Неискористените средства од Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидните лица, во вкупен износ од 130.000.000,00 денари, ќе се користат за финансирање активни програми и мерки за вработување евидентирани невработени лица и тоа за активните мерки: Поддршка за самовработување; Субвенционирање плати и Вработување и раст на правни субјекти од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година.
Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за донација, за Министерството за одбрана на Украина. Станува збор за зимска опрема: ветровки и џемпери, како и ќебиња