Centar.mk
ЛОКАЛНО

Објавен јавен повик за „Зимска приказна 2023“

Општина Битола објави јавен повик за учество во организацијата на културни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2023 година – Зимска приказна 2023.

1. Целта на овој јавен повик е избор на субјекти кои ќе учествуваат во организацијата на културни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2023 година.

2. Право да се пријават на јавниот повик имаат сите домашни правни и физички лица кои работат во областа на културата, со достава на понуда електронски на адресата на е-пошта culture@bitola.gov.mk.

3. Селекцијата на настаните ќе ја изврши стручна Комисија која го задржува правото да направи распоред на настаните.

4. Настаните ќе се реализираат во периодот од 24.12.2022 до 31.12.2022 година.

5. Подетални информации можат да се добијат на телефонскиот број 047-208-347.

6. Крајниот рок за доставување на пријавите за интерес е 09.12.2022.

Јавниот повик е достапен на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2022/12/Јавен-повик-ЗИМСКА-ПРИКАЗНА-2023.pdf.

Можеби ќе ве интересира

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК

51 тоалет ќе се реконструира во ОУ „Коле Канински“, современи стандарди за хигиената во училиштето

ДЕСК