Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Зечевиќ во Вевчани: Суштински елемент во интеграцијата е зачувување на посебноста и македонскиот идентитет

Освен напредокот и желбата за подобар живот, за подобра иднина на идните генерации, суштински елемент во процесот на европска интеграција е зачувување на посебноста и различноста на македонскиот национален идентитет, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на вчерашниот работен состанок со членови и симпатизери на партијата во Вевчани.

-Социјалдемократските вредности се покажаа како есенцијални во зачувувањето на македонскиот идентитет. Суштински елементи во процесот на интегрирање на секоја нација е напредокот, борбата за подобра иднина и зачувување на сопствената посебност. Со социјалдемократските политики започнавме преговори со ЕУ со зачуван македонски јазик, идентитет. Сега е потребно обединување и тој пат заедно да го изодиме до крај. Да се интегрираме и како држава и како нација во комплексниот европскиот идентитет, каде се интегрирани големите државотворни нации. Со целата своја специфичност, посебност и различност, со нашата македонска национална гордост да бидеме дел од големото европско семејство, да го потврдиме се она што сме биле, она сме денеска и тоа што ќе бидеме во иднина, рече Зечевиќ.

Генералниот секретар додаде дека роа е вистински модел на современ патриотизам за кој очекува општествен и национален консенцус и заедничко делување на сите одговорни чинители во државата.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК