Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

ДОСТА АНДОНОВСКА ДОЛИ Е СРЕЌНИЧКАТА КОЈА ОСВОИ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА – Еве ја нејзината приказна

Со голема радост споделуваме дека во овие моменти сме домаќини на добитничката на најновата 7-ка на ЛОТО 7, којашто беше постигната во 95 коло, со вредност од 32 921 304, комбинација уплатена во продажното место „Детелинка“ – Кичево, соопшти државната лотарија

Доста Андоноска од Кичево, којашто блиските и пријателите ја нарекуваат Доли е прекрасна енергична жена, стечаен работник од „Кичево Пром“, денес пензионерка, сопруга, мајка и баба.

Нашата добитничка дојде во просториите на Државна лотарија со електронската потврда од уплатата на нејзините среќни броеви. Добивката е потврдена, Доста е нашата 27-ма лото милионерка. Потоа е остварена средба и со генералниот директор на Државна лотарија во срдечен разговор, при што дознавме дека таа игра повеќе од 45 години, и неуморно верува во среќата. Последните години ги игра истите 4 комбинации, а еднинствено ја менува 5-тата, токму таа којашто ѝ ја донесе 7-ката.

Во следни текстови ќе пренесеме повеќе од разговорт со неа, засега со радост ви откриваме дека таа најмногу се гордее со своето семејство и се радува што сега нејзината верба во среќата ќе им помогне во остварување на желбите и плановите во понатамошниот живот. На сите им порачува дека за да добиете, мора да сте полни со верба во среќата и со чувство дека ќе добиете. Таа чувствувала дека еден ден ќе добие 7-ка и низ годините учествувала во сите различни видови лото игри. Ете, нејзината верба се обистини токму со ЛОТО 7 на Државна лотарија. Возбудени и среќни, честитаме на нашиот нов член во семејството на лото милионерите, велат од Државма лотарија.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК