22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното даночење

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е праведноста.

Реформата на даночниот систем не предвидува нови даноци, не предвидува зголемување на даноците, односно данокот на личен доход останува 10 отсто и не се зголемува, данокот на додадената вредност останува 18 % и не се зголемува и каматите на депозитите на штедните влогови нема да се даночат.

Новина е дека од 1 јануари 2023 година нема да се применува прогресивното даночење, односно се укинува концептот на прогресивно даночење и ќе продолжи да се применува даночењето со единствена стапка од 10 отсто.

Една од мерките што ќе продолжи да се применува на барање на бизнис-заедницата е ослободувањето на реинвестираната добивка.

Во Законот за ДДВ останува основната стапка од 18 проценти, која е најниска во регионот, и двете повластени од 5 проценти и 10 проценти, кои исто така се најниски. Она што ќе се ревидира е листата на производи кои се луксузни и кои ќе се даночат со втората повластена стапка.

Во однос на хонорарците, преку дебата се дефинираа насоките за создавање модел на кој ќе се работи во наредниот период и ќе овозможи на доброволна основа да плаќаат придонеси, со што им се обезбедува здравствено и пензиско осигурување.

Со концептот се останува на определбата за поддршка на спортот и лицата со посебни потреби. Односно, со концептот се воведува нов начин на донации за спортот, а вработените лица со посебни потреби и понатаму остануваат ослободени од данок на личен доход.

Приоритет на даночната реформа е поголема праведност во даночењето, односно секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плати својот праведен удел од данокот.

Даночната реформа воведува даночен систем, кој ќе биде предвидлив, транспарентен, едноставен и стабилен и ќе создаде здрава основа на сите политики во државата.