Предмет: Интегрален текст од изјава на Филип Талевски, секретар на СДММ Битола
Не за кој е речено, туку за кој е печено.
Така некако испаѓа работата и со северната трибина на Стадионот Петар Милошевски во Битола. Ја вети ДПМНЕ. Поранешниот градоначалник Владимир Талески – Двојче фрли неколку лопати и ја остави како обврска да ја изгради и ја изгради неговата наследничка, Наташа Петровска. Во употреба ќе ја пушти актуелниот градоначалник Тони Коњановски кој ни крив ни должен утре ќе се слика и ќе позира со објектот кој го изгради локалната самоуправа предводена од СДСМ.
Работите на трибината се завршени уште во октомври 2021 година, но на Коњановски и на ДПМНЕ им требаше една година да ги постават столчињата за кои наследија обезбедени финансиски средства.
Не е ништо ново ДПМНЕ да се кити со туѓи перја, но пред да го “киднапираат” утрешното отворање на трибината и да го претворат во партиска забава, ги потсетуваме дека стадионот е на Битола, оти битолчани сакаа стадион.
Северната трибина на Стадионот Петар Милошевски е изградена исклучиво со средства од буџетот на Општина Битола, со пари на битолчани. Во ниту еден град низ Македонија тоа досега не се случило и затоа нашето задоволството е уште поголемо.
СДСМ ја изгради трибината, а на Коњановски и на ДПМНЕ остануваат обврските за целосно заокружување на изгледот на Стадионот:
– Што побрзо да светнат рефлекторите за кои поранешната градоначалничка, Наташа Петровска има потпишано договор со ФФМ
– Во буџетот за 2023 година Коњановски да обезбеди 130 милиони денари за реконструкција на јужната трибина и изградба на атлетска тартан патека.
– Да се подготви тендерската документација и да се обезбедат средства да се изгради западната трибина.
Само тогаш Коњановски и оваа локална власт ќе покажат дека имаат интерес за спортската инфраструктура во Битола!