Поддршката на Германија е многу значајна за напредокот на земјава, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во „Само интервју“. Тој кажа дека членство зависи од тоа колку ние ќе бидеме посветени на процесот, иако постојат политички одлуки за побрз пристап.
-Не можеме за време на преговорите да се рассправаме за историја, тоа не е дел од рамката, тоа се билатерални прашања. Зошто изгубивме 30 години во наводно работење на исполнување на стратешките определби? Зашто немавме храброст да се соочиме со реалноста. Кога бегате од реалноста и не сакате да повлечете потег ќе имате решенија кои се далеку потешки. Ако ги решевме проблемите со Грција во 90-тите ќе влезевме во ЕУ со Хрватска и ќе ја немавме Бугарија тогаш како член на ЕУ. Да бараме некој друг виновен? Ние треба да се погледнеме во огледало и да кажеме што сега можеме да направиме за државата, истакна Спасовски.
Тој додаде дека може да се води политиканство, но така нема да се исполнат националните интереси.
Зборувајќи за уставните измени и односите со Бугарија, тој кажа дека темелите на државата се во антифашистичката борба.