Се укинува прогресивното оданочувања, не се предвидуваат нови даноци, данокот на личен доход останува со единствена стапка од 10 проценти и нема да се оданочуваат каматите на депозитите на штедни влогови, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Тој рече дека почнува да се имплементуира даночната реформа од 1 јануари.
– Зборот праведност е клучен во даночната реформа. Таа треба да обезбеди даночен систем кој ќе биде ефикасен, праведен, со поголема транспарентност и со нагласена борба против сивата економија. Истовремено ќе имаме и зелено оданочување- рече Ковачевски.
Во однос на хонорарците, тој рече дека тие ќе имаат можност доброволно да плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Притоа, ќе има посебна платформа, затоа што тие немаат постојани вработувања.
Во однос на данокот на добивка, доколку добивката не се реинвестира, а тоа се искористи како даночно ослободување, ќе се применат многу високи казни, за да се избегнат злоупотребите.
– Дополнително, ќе има оданочување на екстра профитот на компаниите кои во време на криза оствариле поголема добивка – откри премиерот.
Тој информираше дека новина во однос на повласетените даночни стапки ќе биде тоа што за подобрување на репродуктивното здравје на жените и за поголема достапност на средствата за менструлан хигиена, тие ќе имаат стапка од 5 проценти.