Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Пенов: Определбата на Владата е општините да функционираат, по Скопје направивме донација и за Тетово

Подобро е ние како Влада да интервенираме со некаков проект во општините, отколку ние само да крпиме долгови, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во гостувањето во ‘Вин-вин’.

-Морам да признаам, јас не само со Данела, бев и кај Билал Касами сега и тоа ако праќа некаков друг сигнал, јас и таму однесов донација и најавив друга да направиме. Нашата идеја е да функционира државата по сите основи и насушните потреби на скопјани да не стојат во место, заради блокади од Совет или заради било какви причини, рече Пенов.

Тој додаде дека е изненаден од кооперативноста на градоначалничката Данела Арсовска.

-Не во смисла да излезе од проекти, но дека и таа гледа интерес овие проекти навистина да ги профункционираме и веќе со Универзалната сала тргна процедурата, таму е мислам и најчисто како институција да се преземе, ќе трае таа процедура, но процесот оди, изјави Пенов.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК