Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против скопјанец за фалсификување исправа

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г. Н. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавениот во текот на 2022 година извршил преправка на сообраќајната дозвола на своето патничко возило во рубриката „важи до“, при што биле преправени вистинските податоци и биле впишани невистинити податоци, односно била преправена годината на регистрација, па наместо до 2021 година, било впишано до 2022 година.

Така преправената сообраќајна дозвола ја употребил при изготвување и потпишување купопродажен договор за отуѓување на возилото доведувајќи го во заблуда купувачот на возилото дека важноста на регистрацијата е до 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

ОХРИД ДЕНЕСКА Е ЦЕНТАР НА БАЛКАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА – Пристигнуваат лидерите од регионот

ДЕСК

ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА – УХМР најавува нови пообилни врнежи во Македонија

ДЕСК

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК